Сите четири малолетници, кои вчера беа најдени во стан во Скопје во бесознание и со повреди по телото, денеска се свесни, во подобрена здравствена состојба, со стабилни витални параметри – изјави претпладнево, директорот на Клиниката за токсикологија, д-р Андон Чибишев
Станува збор за две момчиња и две девојчиња кои синоќа беа пренесени на Клиниката за токсикологија, откога беа најдени во бесознание во куќа на 40-годишен скопјанец.
Четворицата се на возраст од 14 до 17 години, а засега не се знае од што настаниле повредите на нивните тела.