Фото: Маја Јаневска-Илиева/Илустрација

Во Велес утрово во 09 часот во полициски службеници го лишиле од слобода З.Ц. (61) од Велес.

При преглед кај него на Градскиот пазар во Велес и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени вкупно 842 парчиња пиротехнички средства.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.