Полицијата информира дека во селото Слатино приведен е 47- годишник поради пронајден кокаин и мини лабораторија. Полициските службеници од СВР Тетово денеска приведувањето го извршиле по претходно обезбедена судска наредба и претрес во домот на осомничениот.
– Кај 47-годишниот Џ.Н. во тетовско Слатино при претресот, пронајден е кокаин и мини лабораторија во која кокаинот се подготвувал за продажба, три дигитални ваги и рамка со 8 куршуми пиштолска муниција, калибар 7, 62 милиметри. Џ.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде изготвена соодветна кривична пријава – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.