Во Штип доцна синоќа во 23:35 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С. (41) од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основниот суд Штип, како што соопшти денеска МВР, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети.
За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, Отсекот за недозволена трговија до дрога при СВР Штип против него ќе поднесе соодветна пријава.