Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека се уште не е пронајден Киро Пупоноски, кој се води како исчезнат во Крушевско. Денес е петти ден од потрагата од самото пријавување во МВР на 22 декември годинава.
Денеска продолжи со ангажман на 10 полициски службеници од ОВР Крушево, 50 лица од АРМ, ЦУК Крушево со 4 лица вработени, две лица екипа од Шумска полиција со едно возило и околу дваесетина граѓани доброволци. Се пребаруваат сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места. Регионалниот центар за управување со кризи во Крушево (РЦУК Крушево) е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.
Во петокот во потрагата учествувале 14 полициски службеници од ОВР Крушево, три лица од единиците за брзи интервенции од ДЗС, една екипа со куче трагач и еден хеликоптер од МВР, ловно друштво „Елен“ со 15 ловџии, екипа од Шумска полиција и околу 50-тина граѓани доброволци. Се пребарувале сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места. Потрагата во вечерните часови продолжила во градот, населените места (колиби, напуштени куќи, штали) и слични места. Полицискиот хеликоптерот што трагал бил повлечен во 16 часот.
Во саботата од 7 часот па до доцните вечерни часови, при потрагата биле опфатени реоните со дел од шумските појаси кон селото Бирино и манастирот Свети Спас и други места за коишто се претпоставувало дека е можно да е исчезнатиот. Учествувале 30 полициски службеници од ОВР Крушево, 4 лица од единиците за брзи интервенции од ДЗС, една екипа од МВР со куче трагач и хеликоптерот од МВР, РЦУК Крушево со тројца вработени, а истовремено биле ангажирани уште едно куче трагач од страна на семејството, ловното друштво ЕЛЕН со околу 60 ловци кои трагаа на терен на различни локации, двочлена екипа од Шумска полиција со едно возило и околу педесетина граѓани доброволци.

Фото: ЦУК

Вчера, по барање на градоначалникот на Општина Крушево до Центарот за управување со кризи во потрага се вклучија и сили на Армијата, со околу сто армиски припадници и едно куче трагач, а и соодветни материјално-технички средства.

Како што информираа од семејството на исчезнатото лице, во инфо-апелот пренесен од медиумите во пошироката јавност, лицето боледувало од деменција, носело очила, а на денот на исчезнувањето било облечено во црна блуза и црни тренерки со бели линии.
Сител објавија фотографија и име од исчезнатото лице како помош во потрагата.
Ако некој го видел лицето во некое населено место каде што би можело и случајно да стигне, во околните места и во околните градови, може да пријави едноставно на 112, бројот за итни случаи во ЦУК.