– С.Д.(25) од Велес од 9 демември 2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д.С.(32) од Тетово, Д.Н.(25), Т.И.(22) и К.Т.(24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал – се наведува во соопштението на МВР.
Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Велес, на подрачјето на Велес извршен е претрес во дом и други простории кај С.Д., петте лица се приведени и против нив од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело „трговија со дете“ по чл 418-г од Кривичниот законик.