Фото: Маја Јаневска-Илиева

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово. Министерството за внатрешни работи и секторот задолжен за проверки, ги завршија сите пребарувања во училишните згради.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (17 основни училишта и 22 средни училишта) и Куманово (осум основни училишта плус еден клон и едно средно училиште), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – велат од МВР.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.