Фото: Нова Македонија/илустрација

СВР Струмица поднел кривична пријава против правно лице од тетовското село Вешала и против Р.Х.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непреземање мерки за заштита при работа“.

Како што информира МВР, кривичната пријава е поднесена поради непрезејмени мерки за безбедност на градилиште поради што на 12 декември 2024 смртно настрадал 60-годишен вработен (Б.З.)

-Првопријавеното правно лице и второпријавениот одговорно лице во правното лице, не презеле мерки за безбедност и здравје при работа на работниците, за работни места на градилишта, а како резултат на тоа вработениот Б.З.(60), при вршење градежни активности на 12.12. 2024 паднал и починал на местото на настанот- соопшти МВР во дневниот билтен.