Фото: Макфакс

Двегодишно девојче починало по 22 дена борба за живот. Според информациите од полицијата, таткото на девојчето е приведен и осомничен дека на 18 декември ѝ нанел тешки телесни повреди, пред да биде хоспитализирана.

Како што се наведува, девојчето првично било однесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје, кадешто починалo во понеделникот. Против нејзиниот 30-годишен татко ќе биде поднесена пријава.

– На 10 јануари во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија Ф.Д.(30) од Кичево. Тој се сомничи дека на 18 декември 2023 во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде на 8 јануари 2024 година починала. Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти МВР.