Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК спроведува акција на повеќе локации низ државата поради основано сомнение за сторени кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство.
-Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување – информираат од МВР.
Дел од медиумите објавија неофицијални информации дека се работи за долгогодишно незаконско работење со прикажување на лажни дијагнози со кои се овозможувало аплицирање, добивање и користење на финансиска помош за туѓа нега на лице и за незаконско стекнување и користење на инвалидски пензии.