Полициски службеници од полициската станица Битола и Одделот за криминалистичка полиција Битола, во саботата лишија од слобода две лица за одлежување на затворска казна.

Најпрво од слобода беше лишен С.Ш.(43) од село Ивањевци, за издржување казна затвор од една година и пет месеци во КПД Идризово, а нешто подоцна и лицето
А.А.(33) од Битола за издржување на казна затвор во КПУ Прилеп.

По лишувањето од слобода лицата се спроведени до казнено поправните установи на издржување на правосилните судски пресуди и определните затворски
казни. М.М.