Четириесет и едногодишен маж од Скопје, со иницијали Ф.Х. вчера бил приведен поради тоа што физички нападнал и со нож се обидел да повреди полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Како што информираат од полицијата, настанот се случил на улицата Пелагонија.

– Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од МВР.