Фото: Илустрација

Четири лица се приведени од полицијата откако вчеравечер при претрес на паркиран автомобил се пронајдени различни видови дрога, информираа од СВР Тетово.

Според СВР, полициските службеници извршувајќи планирани оперативни активности, синоќа околу 22 часот и 20 минути на паркинг покрај автопатот Тетово – Скопје забележале патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски таблици во кое се наоѓале Д.М.(39), А.М.(23), В.Ѓ.(41) и Б.Ц.(41), сите од Тетово. При преглед во возилото и подоцна на 23-годишната А.М. била пронајдена марихуана, шприц со кафена течност и остатоци од кокаин.Четворицата биле лишени од слобода и задржани за натамошна постапка.

Непосредно пред нивното лишување, Д. М. ги навредувал, дрско се однесувал и физички ги нападнал полицисите службеници.