Синоќа во 23.05 часот на улица „Васко Карангелески“ во Битола, непознато возило управувано од непознато лице удрило во пешакот С.В.(55) од Битола и го напуштило местото на настанот.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола. Увид извршила екипа од СВР Битола.