Адвокатот Петар Василев во завршните зборови за случајот „Тортура“ истакна дека доказите потврдиле оти Бирото за јавна безбедност (БЈБ), како дел од МВР, а не Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), било овластено да ја планира, организира и изврши акцијата за лишување од слобода на Љубе Бошковски, онака како што е проценето. Доказ за таквото тврдење, според него, е утврдената хиерархија на делот од МВР во која припаѓа единицата „Алфа”.

– Тоа значи било невозможно единицата „Алфа” да биде командувана од УБК, нејзините раководни лица или од Мијалков – истакна Василев.

Василев посочи и дека сведокот Апостол Стојановски, на предлог на одбраната, кажал дека дал согласност за употреба на единицата „Алфа“ како логистика на БЈБ.