Фото: Игор Бансколиев

По два часа, заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во придружба на полицијата е изнесена од куќата во Козле. Пред неа, излезе нејзиниот адвокат Стеван Павлески, кој вчера заедно со неа беше на распитот кај Вилма Рускоска.

Од куќата на Јанева се одземени неколку парчиња мебел, меѓу кои, гарнитура и мала маса.

Мебелот беше товарен во камион кој е во сопственост на МВР.