Има најмалку десет жртви во пожарот во ковид-центарот во Тетово што се случи вечерва, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

– Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата – објави Филипче.

Тој додава дека лекарите се борат за животите на повредените и апелира до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките на починатите и повредените.

– Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме – напиша Филипче на Твитер.