Фото: Илустрација

На крстосницата помеѓу улиците „Диме Хаџи Димов“ и „Божидар Аџија“ во Скопје вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу две возила.

Во несреќата учествувале возило управувано од Г.Ч.(53) од Скопје и возило управувано од Д.Б.(38) од Скопје.

– По незгодата со возило на итна медицинска помош Г.Ч и неговиот сопатник А.Т.(26) од Гостивар биле пренесени во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор на А.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди, додека Д.Б. и неговиот сопатник Д.А од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош – информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје.