Адвокатот Стеван Павлески ѝ го откажа полномошното на Катица Јанева и повеќе нема да биде нејзин адвокат.

-Точно е дека го откажав полномошното на госпоѓа Јанева, продолжувам да ги застапувам моите досегашни клиенти во предметите на Специјалното обвинителство – изјави за „САКАМДАКАЖАМ.МК“ адвокатот Павлески.

Поради конфликт на интереси, Павлески мораше да се одлучи дали ќе ја застапува Јанева или осомничените од СЈО, односно бизнисменот Цветан Панделевски во предметот „Империја“ и Љупчо Георгиевски во „Траекторија“.

За време на апсењето на Јанева, Павлевски тврдеше дека таа е жртва.