Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, појасни дека предлогот за притвор на Сашо Мијалков стигнал во Судот во неделата во 15 часот, а одлуката била изготвена во 18.30 часот, со што тој истакна дека Судот постапил апсолутно ажурно.
Џолев посочи дека Кривичниот суд има рок од 24 часа да постапува по предлог и дека можел да одлучува и в понеделник до 15 часот, согласно законските одредби.
– Сите познавачи на судството ќе ви кажат дека Судот одлучувал во најбрз можен временски период. Рокот е 24 часа, согласно законските одредби, но сметавме дека е итно да се постапи и така е постапено – кажа Џолев, одговарајќи на новинарско прашање во Штип.