По преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници е приведен Д.В. од Богданци, еден од шестмината членови на организираната криминална група за криумчарење на мигранти, која беше сузбиена завчера. Претходно беа приведени четири лица, а едно од претходно е на издржување на мерка притвор. Петмината приведени беа изнесени пред судија на претходна постапка и за сите е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 6 октомври од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ“ и „Исток“, во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, беше спроведена координиранаполициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-Липковскиот регион.