Вчера на скопскиот меѓународен аеродром полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(37) од Словенија затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
Од МВР велат дека мажот бил задржан во Полициското одделение Петровец и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.