Двајца малолетници со убодни рани од нож вчера биле примени во поранешната градска болница во Скопје.
Според информациите на МВР, околу 21.25 часот во полиција од хируршката болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет биле донесени две лица на возраст од 17 години.
Во разговор со полициски службеници тие изјавиле дека пред маркет на подрачјето на Чаир биле нападнати од три лица.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.