Амбасадорот на Европската унија во земјава, Дејвид Гир, денеска оцени дека првиот круг од изборите поминал во генерално мирна и демократска атмосфера.
– Се надеваме дека така ќе биде и за време на камапањата вториот круг од претседателските избори и за параламентарните избори и дека целиот процес ќе заврши со позитивни пораки – изјави Гир.
-Изборите се одвиваа во генерално мирна и демократска атмосфера и навистина се надеваме дека во вториот круг на претседателските избори, тие, исто така и во кампањата за парламентарните избори, ќе се надградат во овој позитивен замаец што ќе овозможи целиот процес да заврши со позитивни пораки и со позитивно чувство, изјави Гир, кој денеска присуствуваше на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Градски парк во Скопје.