Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во Вевчани, попладнево заврши годинашното издание на Вевчански карневал.
По палењето на маските, односно уште утре, вевчанци ќе почнат да планираат во што да се маскираат следната година. Добропознато е дека вевчанци ќе кажат сѐ, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе се маскираат.
Вевчани изминатите два дена претставува отворена театарска сцена, каде дефилираа голем број маскирани вевчанци, пред своите сограѓани, но и бројна публика од земјава и странство.
Фотографии: Маја Јаневска-Илиева