Фото: Приватна архива

Традиционално, два пати во годината фондацијата „Проф.д-р Љупчо Ајдински“ доделува парични награди и признанија. Во чест на денот кога е роден професорот Љупчо Ајдински, 28 април 1930 година, фондацијата и овој пат ќе додели парични награди на студент со попреченост, ученик со попреченост и дефектолог од праксата како и плакети односно признанија. Свеченоста ќе се оддржи утре на Филозофски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, во 13 часот.

Целта на фондацијата е продолжување на хуманите активности кон лицата со попреченост, подобрување на нивната вклученост во секојдневните активности, унапредување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните семејства.
Наградите до 2012 година се доделуваа лично од проф.д-р Љупчо Ајдински. После смртта на професорот Љупчо Ајдински и неговата сопруга, Фондација продолжи да работи својата хумана мисија, што беше и негова најголема желба. Одборот на Фондацијата го сочинуваат членови на потесното семејство, со неа раководи претседателот проф. д-р Горан Ајдински, раководителот на Институтот за специјална едукација и рехабилитација, претседателот на Сојузот на специјални рехабилитатори и истактнати дефектолози од практиката.