Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ги осуди синоќешните насилства за време на протестите во Скопје против францускиот предлот, порачувајќи дека за такви сцени нема место во демократските општества.
-Ги осудувам синоќешните сцени на насилство против полицијата во Скопје, која ги извршуваше своите задачи. За такви сцени нема место во едно демократско општество. Повикувам на воздржаност, почит и одговорност, порача Гир – преку неговиот Твитер-профил.