Фото: Влада/Архива

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеј го осуди одбивањето на властите во Македонија да му дозволат влез на европратеникот Андреј Ковачев на нивна територија.

„Го осудуваме одбивањето да се пушти Ковачев во Северна Македонија на 6 мај“, напиша Вархеј на Твитер. „Ја повикуваме Владата во Северна Македонија итно да ја разјасни ситуацијата“, вели тој.

„Одбивањето да се прими европратеник е многу сериозна одлука“, додава еврокомесарот.