Фото: Игор Бансколиев

Од задутре на повеќе места во земјава времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура, наведуваат од УХМР.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје утре сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.