По повод Светскиот ден против пушење, 31 мај, Центар за семејна медицина, Медицински Факултет во Скопје во тек на месецов организираше шест работилници за одвикнување од пушењето цигари. Работилниците се наменети за семејни/матични лекари и имат за цел едукација на лекарите за практикување на многу краткиот совет во секојдневните консултации со пациентите кои пушат тутун. Многу краткиот совет трае 3 минути, но може да спаси животи.

Работилниците се подржани од Европа Лек Фарма ДООЕЛ во Македонија и Хемофарм Претставништво АД Скопје. Се одржаа во неколку градови во земјава.

Светската здравствена организација (СЗО) го идентификува пушењето тутун како примарна причина за предвремена болест и смрт во развиените земји.

Македонија е на четврто место во светот според преваленца на пушење која се проценува на 46% кај лица постари од 16 години.

-Да им помогнеме на нашите пациенти кои пушат тутун да се откажат, за нивното здравје и за здравјето на нашата планета – порача проф. д-р Катерина Ставриќ, шеф на Катедрата по семејна медицина.