Фото: Маја Јаневска Илиева

Законот за прекин на бременоста, законот за спречување и заштита од дискриминација и законот за социјална заштита, се главните барања кои жените ги упатија до надлежните власти, на денешниот марш, кој беше организиран од платформа за родовна еднаквост, во која се вклучени 22 невладини организации.

Маршот за правата на жените тргна од паркот „Жена борец“, па преку Центар до плоштадот „Филип II“. Притоа активистките за женски права гласно извикуваа „не сакаме рози, сакаме права“.