Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 14 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминуваат 20 степени. Под влијание на влажен воздушен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќни часови ќе настапи промена на времето. На места ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.