Комисијата за мандатно имунитетни-прашања со пет гласа „за“ го изгласа предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски кој е во бегство, врз основ на неговото неоправдано отсуство кое трае повеќе од шест месеци.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа во гласањето. Претходно, расправата траеше околу половина час, без да има поголема дискусија.

Собранието допрва треба да донесе одлука за одземање на мандатот на Никола Груевски кога предлогот ќе се најде на пленарна седница. Потребно е двотретинско мнозинство за одлуката.