Фото: Илустрација

Наставничкиот пленум бара зголемување на платите на наставниците во основното и во средното образование и планира бојкот на наставата од почетокот на новата учебна година ако тоа не биде обезбедено, како што беше соопштено во писмата испратени до министерката за образование Мила Царовска и до синдикатите СОНК и НСО.

Пленумот бара од Царовска, преку Владата, да обезбеди покачување на платите во новата учебна година. Истовремено, побарана е поддршка од синдикатите за бојкотот планиран од септември.