Министерот за правда, Бојан Маричиќ, се сретна со претставници на повеќе граѓански организации кои се дел од Блупринт групата за реформи во правосудството.

Со Блупринт групата која ја следи Стратегијата за реформи во правосудниот сектор, министерот Маричиќ дискутираше на повеќе актуелни теми како подготовките за почетокот на преговорите со Европската Унија, како и најжешките реформи во ресорот правда.

Министерот Бојан Маричиќ истакна дека Министерството за правда има отворени врати за соработка и дека граѓанското општество ќе биде вклучено во повеќе процеси во ресорот правда.