На предлог на министерството за здравство, Владата на денешната седница ја прифати информацијата за приклучување на држвата кон Иницијативата за перформанси на примарна здравствена заштита.

Како што информираат од владината прес-служба, вклучувањето во ова тело овозможува пристап до меѓународна експертиза, вмрежување и зајакнување на капацитетите, но исто така носи и обврски за посветеност кон комплетирање на профилот и заедничка проценка на функционалните капацитети на примарната здравствена заштита.

– Иницијативата е основана во 2015 година, од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, Светската здравствена организација и Групацијата на Светска банка и работи на унапредување на примарна здравствена заштита. Нејзината цел е да ги поддржи земјите во нивните напори за постигнување универзална здравствена покриеност преку развој на алатки за мерење на перформансите и стратегии за подобрување на системот на примарна здравствена заштита – се наведува во владиното соопштение