Лекарската комора алармира дека во последниве два дена се случиле три инциденти на вербално и физичко насилство врз здравствени работници – Градска општа болница „8 Септември “- Скопје, Клиничка болница Тетово на интерното одделение и, неофицијално, во една приватна болница во Скопје.
Лекарската комора апелира до надлежните органи и институции да ги презмат сите мерки кои им се на располагање и најостро да ги казнат предизвикувачите на ваквите инциденти.
Од Комората додаваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности, со цел да се стави крај на насилството во здравството кое во последно време зема замав затоа што состојбите стануваат алармантни.