Одборот за доделување на наградите од Конкурсот за најдобри аудиовизуели и литературни остварувања посветени по повод 9 мај – Денот на Европа, составен од членови на Интернационалниот универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ – Скопје, во соработка со Европската асоцијација на професори и Асоцијацијата за корпоративна безбедност – Скопје, додели две први награди на: Емилија Карафилоска од Охрид, за литераурната творба „Денот на Европа“ и на Миа Велковска од Скопје, за анимацијата „Очите на Европа“.
Свеченото доделување на наградите ќе се изврши онлајн, на Денот на Европа – 9 мај 2020 година, а добитниците на наградите ќе бидат објавени на веб-страната на универзитетот www.europaprima.com.