Од доверливиот таен извештај на ЦИА од 1953 година дознаваме дека грчките политички кругови ја побарале поддршката на САД со цел да се олеснат преговорите со југословенското раководство. Крајната цел била да се протераат 50.000 Македонци од територијата на северна Грција и да се префрлат во Југославија.
Според извештајот, овие Македонците во текот на Грчката граѓанска војна ја помагале и поддржувале Грчката комунистичка партија и можеле да претставуваат сериозен проблем во случај на нова војна.
Исто така, дознаваме дека грчката влада не сакала да води директни преговори со југословенските кругови бидејќи со тоа на Југославија ќе и` се дало оправдување повторно да го постави прашањето за малцинските права на Македонците во Грција.
Според извештајот, грчките кругови сметале дека отстранувањето на споменатите 50.000 Македонци ќе помогне во решавањето на малцинскиот проблем и ќе ги олесни грчко-југословенските односи бидејќи во минатото слободна Македонија, која била поддржувана од страна на Југославија, била главната пречка за добри односи помеѓу двете држави.
Во извештајот, исто така, се вели дека проблемот е комплициран бидејќи грчките Македонци во поглед на националност и иделогијата не се хомогена група. Од друга страна, се посочува дека југослоевенските водачи и понатаму се надеваат на присоединување на овој дел на Македонија кон Југославија.
Извештајот е директна потврда за постоењето на македонското малцинство во рамките на грчката држава.