Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, Денот на независноста, ги одликуваше Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, со Орден „8 Септември“.
Стојан Андов се одликува со Орден „8 Септември“ за неговото политичко делување како прв претседател на првото повеќепартиско собрание при што остави неизбришлив белег во процесот на градење на македонската парламентарна демократија, како и за неговиот значаен придонес кон донесување на неопходните државотворни акти и документи со кои јасно се трасираше патот за изградба на самостојна и независна македонска држава.