Фото: Игор Бансколиев

Светот во последните недели бележи пораст на заразени со коронавирус, пришто сѐ повеќе присутна е омикрон варијантата која брзо се шири. Во Македонија вчера беа детектирани девет случаи со омикрон, од кои 8 од Скопје и едно лице од Кочани.

Од Министерството за здравство информираат дека во моментот бројот на активни случаи изнесува 5.667 лица. Најмногу заразени има во Скопје (3.135), по што следат Битола до 419 случаи и Прилеп со 346 заразени. Над 200 заразени во моментот има во Охрид и Кавадарци,а околу стотина во Куманово, Велес, Струмица и Гевгелија.

Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996.