Состојбата на здравствениот систем, капацитетите на згрижување, нискиот број заразени здравствени работници, познатите кластери и сите други индикатори укажуваат дека точно знаеме што се случува и дека имаме капацитет да се справиме со овој бран на болеста, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој вели дека овој нов бран на новозаболени од ковид-19 има суштинска разлика со првиот бран.

– Тогаш не знаевме што можеме да очекуваме и колку може да се прошири, сега имаме знаење, ресурси и надграден здравствен систем, така што можеме да се носиме со овој бран – вели министерот за здравство.

Филипче уште еднаш порача да се почитуваат протоколите и ги повика надлежните да санкционираат таму каде што има прекршувања.