Членовите на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АМСЛ, 3Д Принт Медицинска опрема денес на раководството на Македонскиот полициски синдикат му донираа 3.500 заштитни визири кои ќе бидат распределени на полициски лица, кои во овие моменти на колективна опасност се дирекно изложени во борбата со ковид-19.
– Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари -АМСЛ со оваа донација се приклучуваат на низата општествено одговорни компании кои несебично и солидарно го прифатија нашиот повик и понудија помош во заштитна опрема, можеби мала, но за нас како планина голема помош – се вели во соопштението.
– Донацијата доаѓа во вистинско време бидејќи живееме во моменти кога е потребна солидарност и поддршка. Сакам да потенцирам дека членовите на органите и телата на МПС веќе од утре ќе ги достават визирите во ОЕ на МВР, онаму каде што се најпотребни. Паралелно како што сте известени секојдневно изминативе 20 дена наши синдикални преставници вршат дезинфекција на возила и простории на МВР низ целата држава. Продолжуваме понатаму со распределба на заштитна опрема и средства за дезинфекција, која им е нужна на колегите на терен и која ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија во услови кога тие се најповикани да застанат на браникот на државата – истакна Киро Трајковски, генерален секретар во Македонскиот полициски синдикат, при приемот на донацијата.