Фото: Каролина Мицевска

Двајца новозаразени од ковид-19 регистрирал Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) денеска во општина Прилеп. Како што посочуваат надлежните бројот на активни случаи изнесува 53, од кои 38 се наоаѓаат на домашно, а 15 на болничко лекување.

На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 13 лица позитивни на коронавирус. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат вкупно 82 лица. Инаку, од ЦЈЗ информираат дека досега во Прилеп се заразени 283 лица, од кои 147 се жени, а 136 мажи.

Најголем број од заразените од ковид-19 се на возраст од 50 до 59 години односно 56 лица, потоа од 40 до 49 години – 48, односно од 30 до 39 години – 46 лица, и др.

Десет деца се заразени на возраст до девет години, а од 10 до 19 години – 11.

Во изминатите недела дена се појавиле неколку нови кластери, за кои епидемиолошката анализа е завршена.

Ка.М.