Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.185 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи со ковид-19 и 94 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се девет реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г), починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во периодот од 3 до 8 мај, соопшти Министерството за здравство.

Од 53 новозаболени од Скопје се 38, Битола – 6, Куманово – 2, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Берово и Виница – по 1.

Од 94 оздравени пациенти од Скопје се 63, Охрид – 7, Битола – 5, Велес, Кочани и Берово – по 3, Куманово и Неготино – по 2, Прилеп, Тетово, Штип, Струга, Свети Николе и Дебар – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.061.739 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 312.345, бројот на оздравени пациенти е 302.602, на починати е 9.311, а бројот на активни случаи изнесува 432.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 147.196, активни 285
Куманово 16.679, активни 5
Битола 15.693, активни 40
Прилеп 14.219, активни 7
Тетово 13.483, активни 6
Кавадарци 10.694, активни 10
Велес 9.799, активни 7
Гостивар 9.610, активни 5
Охрид 8.935, активни 22
Штип 8.078, активни 13
Струмица 8.077, активни 4
Кичево 5.653, активни 3
Кочани 5.096, активни 2
Струга 4.728, активни 0
Гевгелија 4.423, активни 1
Неготино 3.698, активни 6
Ресен 2.751, активни 1
Свети Николе 2.635, активни 1
Радовиш 2.531, активни 0
Крива Паланка 2.418, активни 0
Делчево 1.986, активни 1
Берово 1.692, активни 7
Дебар 1.678, активни 1
Валандово 1.488, активни 0
Виница 1.395, активни 3
Пробиштип 1.267, активни 0
Богданци 1.021, активни 0
Кратово 966, активни 0
Крушево 930, активни 1
Демир Хисар 836, активни 0
Македонски Брод 739, активни 1
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 525, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 0.