Според последните информации, во Србија се потврдени 4.091 новозаболен, а починале 49 лица.

Во последните 24 часа биле тестирани 15.387 лица, а 2.203.391 од почетокот на епидемијата.

Во моментот има 9.688 лица во болниците, а 312 се приклучени на апарати за дишење.

Досега починале 2.882 лица, а стапката на смртност во Србија е 0,91 проценти.

Денес, почна вакцинацијата против коронавирусот, а први вакцините ги примија премиерката Ана Брнабиќ, како и членовите на кризниот штаб Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ и Предраг Кон.