Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека статусот на Србија како европска држава која моментно најбрзо го вакцинира населението против ковид-19 се должи на односот со Истокот, како и со Западот, пишува „Блумберг“.

– Успехот на Србија добива на значај во време кога Европската Унија се соочува со фијаско во кампањата за вакцинација. А искуството на Србија со балансирање на геополитичките интереси се исплати во критичниот период – пишува американската агенција“.

Србија претставува важен мост за влез на Кина во Европа додека државата е традиционален сојузник со Русија и има аспирации за влез во Европската Унија. Таквите врски и овозможија пристап до повеќе извори на вакцини и имунизација на поголем дел од нејзинито население во однос на било која држава во Европа по Обединетото Кралство. Србија вакцинира 6,8 отсто од нејзиното население, по двојно побрза стапка отколку ЕУ.

Повеќето од 1,1 милиони дози снабдени од страна на српската влада досега стигнаа од кинеската компанија „Синофарм“. Вучиќ истакна и дека одбивањето да им се придружи на лидерите кои ја критикувале Кина на безбедносна конференција во Германија, помогнало во воспоставување на доби односи со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Србија ја почна вакцинацијата на 24 декември минатата година, неколку дена пред ЕУ. Таа има договори за снабдување со 6,5 милиони дози вакцини, но глобалната трка за вакцинација ја подрива довербата дека договорите ќе бидат испочитувани, како што наведе Вучиќ.