Во САД регистрирани се над два милиона лица заразени со коронавирус, а во 21 американска сојузна држава расте бројот на новозаболени.

Како што објави „Њујорк тајмс“, состојбата генерално е подобрена во државите коои најмногу беа погодени, како што е Њујорк, но се појавија нови жаришта.

Така, во Аризона за еден ден регистрирани се 1.556 новозаразени лица.

Најголем пораст на заболени од ковид-19 има во Мисисипи, Јужна Каролина, Арканзас, Флорида и други сојузни држави.