Русија денеска регистрира рекорден дневен број од речиси 8.000 новозаразени со коронавирус, еден ден откако премиерот Михаил Мишустин објави дека е позитивен на ковид-19.

Бројот на заразени сега изнесува вкупно 114.431, објави кризниот центар и додаде дека 96 инфицирани лица починале во последните 24 часа, со што вкупниот број на починати сега изнесува 1.169.

Премиерот Мишустин вчера информираше дека му е дијагностициран ковид-19 и дека мора да остане во самоизолација. Привремено ќе го заменува Андреј Белоусов.

Епидемјата во Русија се движеше побавно отколку во земји. Но, во средината на минатиот месец нагло експлодира и вчера бројот на заразени надмина 100.000.