Тестирањето на вакцината „Спутник лајт“ започна во Русија. Првите учесници во испитувањето биле вакцинирани во Москва, изјави денеска заменик-градоначалничката на Москва задолжена за прашања од социјалниот развој, Анастасија Ракова.

– Во однос на тоа како волонтерите ќе поминуваат на прегледите, и обемот на вакцинацијата ќе се зголемува. Апликациите се поднесуваат активно, 490 лица го поминале медицинскиот преглед за два дена – рече Ракова.

Таа потсети дека волонтер може да биде секој постар од 18 години кој не бил болен и не страдал од корона, не примил вакцини во текот на последниот месец, нема антитела на коронавирус, нема алергиска реакција и хронични болести.

Бремените жени и доилките не можат да учествуваат во тестирањето.